Connect with us

Фудбал

Без Елиф Елмас во составот Наполи не победува

Екипата на Наполи за прв пат сезонава на гостиски терен не постигна гол и за прв пат одигра реми. Се покажа како тешко гостувањето во Торино. Втор пат откако дојде во Наполи, македонскиот репрезентативец Елиф Елмас не одигра ниту една минута. Вечерва остана на клупата за резервни фудбалери. Претходно тоа се случи со Каљари, кога Наполи на домашен терен загуби со 1:0.

Не сметајќи го мечот со Јувентус кога Наполи загуби со 4:3 и кога Елмас ги одигра последните моменти од мечот, може да се каже дека македонскиот интернационалец му носи среќа на својот тим. Наполи со Елмас од првата минута на теренот ги доби сите натпревари во Серие А.