Connect with us

Фудбал

Без победник на дербито во Тетово, Гачевски спасител на Вардар

Без победник и без голови заврши дербито во Тетово помеѓу актуелниот шампион и актуелниот лидер на табелата. „Виновник“ за ова е голманот на Вардар Филип Гачевски кој имаше неколку добри интервенции, а клучна беше онаа во третата минута од судиското продолжение кога му одбрани зицер на Шефити кој во игра влезе во вториот дел.

Шкендија беше подобар противник, имаше повеќе шанси, но на крајот Вардар тактички одигра добро и успеа да освои бод и да ја исполни мисијата бидејќи се виде дека во Тетово допатува да остане непоразен.

По оваа средба Вардар останува лидер на табелата. Во последните седум меча, „црвено-црните“ имаат шест победи и едно реми.

РЕЗУЛТАТИ И ПАРОВИ ПМФЛ, 9.КОЛО

Сабота:

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ-СИЛЕКС 2:0

ШКЕНДИЈА-ВАРДАР 0:0

МАКЕДОНИЈА Ѓ.П –ШКУПИ 0:0

БОРЕЦ -СТРУГА-ТРИМ-ЛУМ 3:2

Петок:

РАБОТНИЧКИ – РЕНОВА 1:0

ТАБЕЛА: Вардар 20, Академија Пандев 18, Македпнија ГП 15, Ренова 13, Шкупи 13, Шкендија 11, Работнички 10, Силекс 9, Струга 8, Борец 8