Connect with us

Фудбал

„БИЛД“ тврди: Тренерот ќе се откаже од богатите Арапи и ќе седне на клупата на Баерн Минхен

Германски „Билд“, кој пред неколку години, кога најмалку се очекуваше погоди дека Пеп Гвардиола ќе биде нов тренер на Баерн Минхен, сега со уште една шокатна информација. Повторно е поврзана со тренерското столче на германскиот тим.

Како што пишува „Билд“ по завршувањето на сезоната Томас Тухел ќе се откаже од богатите Арапи, ќе замине од ПСЖ, за да го преземе кормилото на Баерн Минхен.

Наводно, според пишувањата на овој весник, сегашниот привремен тренер Ханс Флик ќе биде негов помошник. Токму тој ќе ја води екипата до завршувањето на сезоната, а потоа на сцена ќе стапи Томас Тухел.