Connect with us

Фудбал

Билиќ ни ден нема да помини без работа, веднаш ќе стане селектор

Дел од англиските медиуми на актуелниот менаџер на Вест Хем, Славен Билиќ му најдоа нова работа, селектор на Соединетите Американски Држави.

Билиќ е под силен притисок поради лошите резултати со Вест Хем и се почесто се споменува негово отпуштање поради само осумте освоени бода од можни 27 во Премиер лигата.

Евентуален отказ за Билиќ, според медиумите на Островот, ќе значи отворен пат за хрватскиот фудбалски стручњак да ја преземе селекторската функција на САД, репрезентација која се наоѓа во фаза на смена на генерации, а Билиќ таква фаза има успешно спроведено во хрватскиот национален тим.

Американките моментално немаат селектор, по заминувањето на Брус Арена. Под негово водство САД за првпат од 1986 година е без пласмани на Светско првенство.