Connect with us

Фудбал

Билиќ: Треба да се гордееме, но и да продолжиме во овој стил

Вест Хем со голем пресврт од 0:2 го совлада Тотенхем со 3:2 синоќа на гостувањето во Лондон во натпревар од Лига купот и направи големо изненадување на кое е горд менаџерот Славен Билиќ

Хрватскиот стручњак во последниот период е под голем притисок поради лошите резултати, но со синоќешната победа барем малку ќе се ослободи од психолошкиот товар.

– Горд сум на моите фудбалери кои направија голема резултат. Можеме сите да бидеме горди, но во исто време треба да сме свесни дека ништо не сме направиле ако не продолжиме во овој стил. Треба да ни постане стандард играме вака и да победуваме. Со вакво издание, со добра одбрана, без грешки во основните работи, со ефикасна игра во нападот, ќе постигнеме многу. Енергијата од второто полувреме со Тотенхем, да ја пренесеме на следните тренинзи и натпревари, истакна Билиќ.

Вест Хем в сабота во 10. коло од Премиер лига гостува кај последно пласираниот Кристал Палас и со евентуална победа ќе фати приклучок со екипите од средината на табелата.