Фудбал
Бизарно, 6-годишно дете доби забрана да присуствува на мечеви од клубот за кој навива (ФОТО)

Според извештајот на L’Équipe, на шестгодишен поддржувач на Ле Авр му е изречена забрана за стадион. Според весникот, детето фрлало хартиени чаши и хартија од трибините и казнето е со забрана до почетокот на следната година.
Хариените „проектили“ биле насочени кон пријател и паднале до теренот, надвор од рекламните паноа, но не на теренот – и не удирајќи никого.
A 6-year-old Le Havre supporter receives a stadium ban until early next year. (L'Éq)⬇️https://t.co/y52dQi0um6
— Get French Football News (@GFFN) December 2, 2024
Внатрешен извор од Ле Авр изјавил за L’Équipe:
„Малку е вознемирувачки, но ние сме должни да преземеме акција за овие прашања и во услови на влошено однесување“, додавајќи дека „Треба да ја подигнеме свеста на оние што нè придружуваат и да покажеме дека стадионот треба да остане место за славење, а не место за исфрлање на нашиот гнев“.