Connect with us

Фудбал

Бизарно, Чалханоглу падна на задникот при шутирање на пеналот, голот му е поништен (ВИДЕО)

Турскиот фудбалски репрезентативец Хакан Чалханоглу беше автор на бизарна ситуација која се случи при изведувањето на пенал на натпреварот против Исланд. При резултат 1:0 за Исланд, за Турција беше досуден пенал, а топката ја зема фудбалерот на Интер кој успеа да ја затресе мрежата на противничкиот голман, но голот беше поништен. Имено, Чалханоглу при изведувањето на пеналот падна , топката му удри во двете нозе, а ВАР просторијата веднаш сигнализираше дека голот не може да се препознае.

Досуден беше индиректен удар, па Турција остана без израмнување на резултатот, но тоа не ги поколеба бидејќи до крајот успеаја да го свртат резултатот и да победат со резултат 4:2. Да додадеме дека стрелци за Турција беа Ирфан Џан Кахвеџи, Арда Ѓулер, Керем Актуркоглу и самиот Хакан Чалханоглу, додека за Исланѓаните погодија Ори Оскарсон и Андри Гудјонсен.