Фудбал
БИЗАРНО: Најдобриот тренер е банкар кој никогаш не играл фудбал
Нешто се случува со Челзи, а можеби е подобро да се каже дека нешто се случило со Челзи. Додека европските великани ги засилуваа своите редови со звучни имиња, Челзи стратешки ги вложи своите пари и ги покри трите „дупки“ кои му задаваа вистинска главоболка во минатата сезона.
Решен е проблемот со голманот, замина незадоволниот Куртоа, а дојде перспективниот Кепа. Дојде и Жоржињо од Наполи, кој би требало да му биде партнер на Канте, односно треба да му помогне при транзицијата, а тука е и Матео Ковачиќ кој заедно со Жоржињо и Канте имаат задача да ја креираат играта.
Меѓутоа ниту едно до наведените засилувања не е ниту главно ниту најголемо. Најголемото засилување на Челзие е менаџерот, тренерот Маурициот Сари. Станува збор за личност која во два натпревари на кормилото на Челзи успеа да ја престрои и да ја освежи екипата. Во двата натпревари (против Хедерсфилд и Арсенал) имаа вкупно 1377 додавања, што е одлична бројка, а постигнаа шест и примиа два гола. Англиските медиуми тврдат, а мие можеме само да се сложиме дека ова е најдобриот Челзи во последните десет години.
А кој всушност е Маурицио Сари?
Прво мора да се каже дека Маурицио Сари никогаш нема играно фудбал, а доза на бизарност на оваа приказна може да додаде и фактот дека на 41 година започна да се занимава со тренерската работа и тоа како тренер на италијански петтолигаш. Маурицио Сари беше банкар и беше успешен во неговата работаљ, амбициозен, па дури и порано го испрати во пензија директорот на една локална банка, потоа стана и директор на банката „Banca Monte dei Paschi di Siena“, најстарата банка на светот.
Бизарно или не, банкарската работа и директорската позиција за Сари беа се замо не исполнување на сонот. Тој го живее својот сон од моментот кога го соблече костумот и ја облече тренерката од која и ден денес не излегува. После работа, Сари целото слободно време го поминуваше гледајќи и проучувајќи го фудбалот, но не фанатично, туку аналитички. Сари набрзо потоа се обиде како тренер на нисколигаш, но никако не можеше да ги балансира банкарската и тренерската работа, па се одлучи за едно, според него логично решение. Во 2000. година даде отказ од банката и го презеде петтолигашот Сансовин и тука започнува турбулентното искачување.
На семејството му вети дека ќе се обиде во три години да освои наслов со својот клуб и ако не успее ќе ја прекине кариерата. Во првата година дојде до четвртата лига, а потоа во третата, меѓутоа на шансата за врвниот италијански фудбал чекаше девет години, за некои доволно долго да се откажат, за Сари тоа беше мотивација повеќе.
Во 2012. година го презеде Емполи и конечно ја доби својата шанса да му покаже на сите што и колку може. Во првата сезона во Серија Б стигна до „плеј-оф“, но таму загуби од Ливорно. Меѓутоа, следната сезона ја помина лигата и како на шега се пласира во Серија А.
На 55 Сари стигна до Серија А, а таму успеа да остане со најслабата и најслабо платената екипа и покрај тоа што сите му предвидуваа дебакл.
Многумина Сари го нарекуваат Ариго Сачиј во ново време, а токму овој легендарен стручњак е тој што прв го препозна и ги советуваше „Росониерите“ да го ангажираат. “Имам за вас долгорочно тренерско решение. Сари е генијалецот кој доаѓа, вашето решение во следниве 10 години“, му рече Сачиј на „Росониерите“ во 2014. година, но тие сепак му го препуштиа на Наполи.
„Мистер 33“
„Ова е најметодичниот тренер во историјата на Наполи“ , рече Аурелио де Лаурентис после првите припреми, па нагласи дека Сари е чист генијалец. Кога ја споменавме методичноста, треба да се каже дека Сари го носи надимакот „Мистер 33“ и тоа токму поради методичноста. Имено, Сари уште во Сансовин имаше тетратка со 33 детално разработени акции.
Сари е тактички перфекционист кој го преферира и практикува позицискиот фудбал, но она што е најважно е дека тој го гледа она што другите тренери во модерниот фудбал го презираат, а тоа е како да се извлече максимумот од играчот на некоја позиција. Нема потреба да набројуваме на колку, може да се каже просечни играчи, му ја подигна вредноста алудирајќи на нивните способности на совршен начин.
Токму поради тоа Абрамович го донесе во Челзи. Моќниот Русин ја губи трката со супербогаташите и единственото логично решение му беше да донесе врвен стратег кој од огромниот „базен“ кој го создаваше со години, ќе знае да ги извлече оние вистинските и од нив да направи комплетен тим кој ќе освојува трофеи.
Сари би можело да биде тој човек. Меѓутоа модерниот фудбал и тренерите како Мурињо, Конте, Бенитез, Анчелоти кои управуваа со Челзи минатите години, ги навикнаа навивачите и Абрамович на брз успех или во нивниот случај неуспех. Сари по доаѓањето во Челзи кажа дека екипата ќе блесне во другиот дел од сезоната и дека ќе им треба два месеци да ги разберат сите негови идеи. Значи, на Сари ќе му треба време да направи нешто од Челзи, кој во минатите години играше дефанзивен фудбал, а како што можевме да видиме во двата натпревари од Премиер Лигата, дојде крајот на таа ера.
Страстен пушач
„Мистер 33“ е познат по својата методичност, но не му недостасуваат ни контроверзии. Сари пуши по 80 цигари дневно! На натпреварот со Хедерсфилд џвакаше цигара. Не станува збор за мастика или тутун за џвакање, човекот џвакаше обична цигара. Тоа е неговиот најголем проблем. На „Стемфорд Бриџ“ му направиа посебна просторија во кој ќе може да пуши, но на гостинските терени нема да го има тој луксуз.
За некој сари е чудак затоа што е еден од ретките тренери кој одбива натпреварите да ги води во одело. „Ќе продолжам да носам тренерки на клупата. Ако претседателот ме замоли при некое интервју да носам одело, тоа можам да го направам. Но на клупата можам да носам само тренерка“, изјави Сари уште додека беше во Наполи.
Она што ќе му се допадне на англиските медиуми е фактот дека Сари нема влакна на јазикот.
Тој е еден од ретките тренери кој трансферите кои се „влечат зад него“ воопшто не го интересираат, што е „лудо“ во модерниот фудбал, а посебно во Англија каде трансферите се во функција на менаџерите. Меѓутоа Сари тоа воопшто не го интересира, тој живее и диши за фудбалот, а сега има мисија да освои со Челзи се што може да се освои.
Може уште да се каже дека овој страстен пушач со интересен надимак, според многумина е најдобар тренер на денешницава и фудбалски револуционер. Па ајде да видиме што може да направи со моќниот Челзи.