Фудбал
Блинд по стапките на Винсент Јансен, се сели во Турција
Фенербахче, ќе се обидат да ги осигураат услугите на холандскиот интернационалец од редовите на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, Дејли Блинд.
Гигантот од Истанбул сака прво да го позајми поранешниот фудбалер на Ајакс, а потоа, на крајот од сезоната, да го откупи неговиот договор.
Репрезентативецот на Холандија се почесто ја грее клупата за резервни фудбалери и затоа е во игра и опцијата за промена на клупската средина.