Connect with us

Фудбал

Болница на Стемфорд Бриџ, нови лоши вести за Челзи

Според последните информации кои ни пристигнуваат од Лондон, повредата на Виктор Мозес е многу посериозна од она што првично се сметаше.

Репрезентативецот на Нигер ќе мора да паузира најмалку еден месец, а тоа беше утврдено откако на фудбалерот му беа извршени дополнителни медицински прегледи.

Тој е трет фудбалер на Челзи кој се повреди за само една недела, заедно со Алваро Мората и Нголо Канте.

Повредата на Мората не е од посериозна природа и тој би требало да биде подготвен за третото коло од Лигата на шампионите против Рома, додека Канте сигурно нема да го видиме на теренот во октомври.

Извори блиски до лондонскиот клуб пренесуваат дека Конте планира против Рома во средината на теренот да започне со Давид Луиз или младиот Андреас Кристенсен, бидејќи Дринквотер се уште не е во целост подготвен.