Connect with us

Фудбал

„Бомба“: Иско го одби планот на Реал Мадрид, веќе си одбра клуб

По се изгледа дека Иско има поинакви планови од Флорентино Перез. Јасно му е дека на лето се враќа Одегард и најверојатно ќе пристигне Фабијан Руиз, па тој ќе биде во втор план. Поради тоа си одбрал клуб.

Не е Челзи, за кого претходно се пишуваше. Иско наводно почнал да бара дом, односно куќа во Манчестер.

Зад целата приказна стои Гвардиола, во чиј ростер е планиран Иско и тоа на местото на Давид Силва. Тој заминува по крајот на сезоната во Мајами, му истекува договорот.