Connect with us

Фудбал

Бомба – Мбапе од 250.000.000 заминува летово?!

Еден од најдобрите светски фудбалери, Килијан Мбапе наскоро ќе се пресели во Реал Мадрид!

„Кралскиот“ клуб наводно постигнал договор со Пари Сен Жермен за трансфер на напаѓачот, пренесува „ПСЖ Комјунити“.

Сопственикот на ПСЖ, Тамим бин Хамад Ал Тани, се согласи да го трансферира Мбапе по преговорите со претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

Вкупната вредност на трансферот ќе биде неверојатни 250 милиони евра – 200 милиони ќе бидат исплатени веднаш, а уште 50 во вид на бонуси за одиграните натпревари и евентуалното освојување на Златната топка.

Претходно се дозна дека Мбапе испратил писмо до раководството на ПСЖ во кое објавил дека не сака да го продолжи договорот до 2025 година. За една година би станал слободен играч и би можел да си замине без обештетување.

Вака скапо ќе му наплати ПСЖ, а се чини дека Реал не може да чека по заминувањето на Бензема и следната сезона да ја игра без вистинска ѕвезда во врвот на нападот.