Поврзи се со нас

Фудбал

„Бомба“ од Италија: Кристијано Роналдо на продажба

Неколку италијански медиуми објавија дека Јувентус по завршувањето на сезоната ќе го продаде Кристијано Роналдо. Како што тврди угледната „Газета дело Спорт“, челниците на италијанскиот тим не сакаат Португалецот да замине бесплатно, односно по 2022 година, да замине како слободен играч, бидејќи тогаш му завршува договорот.

За него тие платија 100 милиони евра, па Јувентус се надева ако ништо друго барем да врати дел од вложените пари. Со оглед на тоа дека има интерес за 36-годишниот фудбалер, пред се од ПСЖ за кого парите не се проблем, се очекува многу брзо да биде постигнат договор.

Францускиот тим за Роналдо покажуваше интерес и во претходниот преоден рок.

Наводно, Кристијано Роналдо и челниците на Јувентус пред неколку дена имале состанок на кој му било соопштено какви се плановите, што наводно на Португалецот му се допатнал отворениот став околиу плановите за неговата иднина.

 

loading...

Facebook