Connect with us

Фудбал

„Бомба“ во Србија, Црвена Звезда го продаде својот најдобар фудбалер

Капитенот на Црвена Звезда Марко Марин во иднина ќе го носи дресот на Ал Ахли од Саудиска Арабија. Тој веќе потпишал 2,5 договор со новиот клуб според кој ќе заработи пет милиони долари. Црвена Звезда за трансферот ќе добие 2 милиони долари.

Марко Марин за тимот од Белград одигра 54 меча на кои постигна 11 голови и забележа 24 асистенции.

Во својата кариера играл за Борусија Менхенгладбах, Севиља, кусо за Челзи, Вердер Бремен, Олимпијакос.