Connect with us

Ракомет

Борко Ристовски откри зошто го напишал статусот на Фејсбук кој предизвика реакции

Причината поради која голманот на македонската репрезентација Борко Ристовски го напиша Фејсбук статусот пред мечот со Австрија е негов обид, како што вели, сите да зборуваат за тоа, а да биде тргнат притисокот врз младите ракометари, за да можат да се подготват за дуелот.

-Сакав целиот притисок да го преземам врз мене, изјави по мечот за македонските новинари Борко Ристовски по натпреварот со Австрија.

Во текстот објавен на фејсбук Ристовски напиша дека глувците излегуваат на површина при поплави и земјотреси. Воедно порача дека по секој пораз се појавуваат многу „селектори“ кои коментираат за тактиката и резултатот.

Во продолжение неговиот ФБ статус.