Фудбал
Борусија Дортмунд очекува сериозни загуби оваа сезона
Дортмунд, 7 октомври 2020 (МИА) – Германскиот фудбалски клуб Борусија Дортмунд очекува загуби од 70 до 75 милиони евра оваа сезона, откако клубот ќе биду уште попогоден од коронавирусот отколку минатата, изјавија од вицешампионот.
Дортмунд во својот последен финансиски извештај објави дека планирањето на буџетот за сезоната е многу комплицирано поради намалените приходи од трансфери и ограничувањата од здравствените власти.
Клубот потенцира дека недостатокот на навивачи влијае најлошо на клубот. Капацитетот на „Сигнал Идуна Парк“ е 81 илјади луѓе, но во моментов се дозволени само 11.500.
Минатата сезона, која заврши зад затворени врати, Борусија Дортмунд објави загуби од 43,9 милиони евра.