Connect with us

Кошарка

Божиќ МВП на третото коло во АБА лигата

Најкорисен играч во третото коло од регионалната кошаркарска АБА лига е Лука Божиќ од Задар.

Тој во победата над МЗТ Скопје (85:80) вчеравечер во СЦ „Јане Сандански“ беше најдобар играч во хрватскиот тим со 32 индексни поени. Божиќ постигна 16 поени, додаде девет скокови и четири асистенции, и имаше еден блок.

Втор е Ноулс Престон исто така од Задар со 29 собрани индексни поени на корисност, додека како трет оваа рунда заврши Вук Радивојевиќ од Игокеа со 25 инд. поени.