Connect with us

Кошарка

„Брадата„ со 28 поени го реши дербито против Сан Антонио

Само четири натпревари беа одиграни синоќа во НБА лигата, а три од нив завршија со победи на домаќините.

Во дербито, Хјустон лесно го совлада тексашкиот ривал Сан Антонио со 109-93

Дури четворица играчи на домаќините беа помеѓу првите стрелци, а најефикасен беше Џејмс Харден со 28 поени. Инаку Хјустон е третиот тим кој покрај Торонто и Бостон имаа обезбедено место во плејофот.

Со новиот вкупно 20-ти трибл-дабл сезонава на Расел Вестбрук, Оклахома го совлада Сакраменто со 106-101, а Весбрук средбата ја заврши со 17 поени, 10 скокови, 11 асистенции.

Победа пред своите симпатизери оствари и Портланд кој со 115-99 го совлада Мајами , додека честа на гостите ја спаси Милвоки кој со 121-101 славеше на теренот на Мемфис.