Фудбал
Бразил и Боливија со рекорди по меѓусебниот натпревар
Бразил го совлада домаќинот Боливија со 5-1 во јужноамериканските квалификации за Светското првенство во 2026 година во САД, Мексико и Канада.
Победата ја одбележа 35-та последователна серија на Селесао без пораз во квалификациите за Светското првенство.
Во фудбалската историја има само две подолги серии без пораз во натпреварите од квалификациите за Светското првенство. Во периодот од 1934 до 1985 година, Германија забележа 36 натпревари без пораз, а во периодот од 1993 до 2021 година, Шпанија не загуби на вкупно 66 последователни квалификациски натпревари за најголемиот фудбалски форум на планетата.
И Боливија постигна рекорд по мечот со Бразил, но тој има негативна конотација. „Ла Верде“ продолжува да го зголемува антирекордот на последователни квалификациски натпревари на гостински терен без победа.
Таа серија сега е 65 натпревари по ред, а последен пат Боливија победи на гостински терен во квалификациите за Светското првенство на 18 јули 1993 година кога ја победи Венецуела со 7-1.