Connect with us

Фудбал

Бразилецот и пред пензија беше познат по темпераментот: Ми ја навреди штотуку родената ќерка, па го нокаутирав

Поранешниот фудбалер на Јувентус, Интер, Фиорентина, Галатасарај, Мајорка, Бразилецот Фелипе Мело откри зошто нокаутирал противнички голман. Тоа веше во времето кога настапуваше во Фиорентина, а противникот беше Диего Лопез, чувар на мрежата на Каљари.

-Лопез удри Џилардињо, и јас пријдов, по што ми ја навредуваше мојата ќерка. Ми рече дека ќе си објасниме во тунелот по мечот, а не знаеше што го чека. Знам дека го добивме тој натпревар со гол во последната секунда. Потоа во тунелот се сретнавме. Не му дозволив ништо да ми рече, само го удрив и го нокаутирав“, рече Мело.