Connect with us

Други спортови

Бријаторе: Ферари со Раиконен во тимот нема шанса против Мерцедес

Флавио Бријаторе изјави дека Ферари со Кими Раиконе во тимот нема шанси да го победи лутиот ривал Мерцедес. Финецот неодамна го обнови договорот со „Скудерија“, но само за една сезона.

Во Генералниот пласман од Формул 1 шампионатот Раиконен моментално е петти.

– Сигурно нема да им е воопшто лесно да ја освојат титулата кај конструкторите со Раиконен. За да победиш, ти требаат двајца силни натпреварувачи, од кои да избереш кој да стане шампион кај пилотите, коментира Бријаторе.

Откако изрази недовербата кон Кими, поранешниот шеф на Бенетон и Рено го пофали Мерцедес и Хамилтон.

– Човек добива и губи натпревари, но шампионатот е како „Џиро Д’Италија“. Хамилтон и Мерцедес се најсилните, дури и кога Ферари ќе се претстават на високо ниво. „Сребрените стрели“ едноставно се подобри со развојот од останатите.