Други спортови
Бронзен медал на Дејан Георгиевски во Турција

Македонскиот олимписки медалист, таеквондистот Дејан Георгиевски не успеа да се избори за финале на престижниот „Президент купот“ во Истанбул, Турција, откако во полуфиналната пресметка загуби од олимпискиот шампион Сисе од Брегот на Слоновата Коска.
Георгиевски на еден од најсилните светски таеквондо собири на крајот запиша одличен успех закитувајќи се со бронзениот медал. Сисе во полуфиналето го победи македонскиот таеквондист со 2-0 по рунди, со 4-0 и 3-1 во поени во секоја од рундите.
Претходно, Георгиевски славеше против Бадри Алиaбади од Азербејџан со 2-0 во рунди, или убедливо со 4-0 и 11-0 во двете рунди на поени, за да во мечот за битка за медал триумфира со 2-0 во рунди, или 3-0 и 6-5 на поени по пооделните рунди, против домашниот таеквондист Чакир Демирчиоглу од Турција.