Connect with us

Фудбал

Буфон го „отпиша“ Интер, реална закана за нас е Лацио

Легендарниот голман на Јувентус Џанлуиџи Буфон вели дека најголемата закана за неговиот тим во трката за шампионската титула не е Интер, туку Лацио.

-Доколку Интер продолжи да игра во Лига Европа, тогаш мислам дека најголемата опасност за нас доаѓа до Лацио. Да играш само во недела е голема предност, вели Буфон.

Тој потоа се осврна и на работата на тренерот Сари, за кој вели дека потребно е време да се навикнат фудбалерите на неговиот стил на игра.

-Би сакал Сари да остане, тоа значи дека сме освоиле нешто, вели Буфон.