Connect with us

Фудбал

Буфон сѐ уште се чуди за резултатот со Македонија

Искусниот Џиџи вели дека тоа што се случи со Македонија е вистинско чудно. На последните состаноци кои ги имаа во клубот тој изјавил:

Тоа што се случи со Македонија беше навистина чудно. Во првото полувреме не играме воопшто лошо. Креиравме три или четири шанси, а на нив им дозволивме само еден шут. Во вториот дел се исплашивме и токму тоа ме чуди, не можам да разберам зошто. Тие продолжија да играат како и во првиот дел, а за тоа што ни создадоа проблеми сме самите виновни. Имаме психолошки проблем. Во вакви ситуации мора да се одговори брзо, а сега треба да истапат поискусните играчи во репрезентацијата. – изјави Буфон.

Следниот, последен тест Македонија ќе го има утре против репрезентацијата на Лихтенштајн во 20:45.