Connect with us

Фудбал

Бурдисо: Серија А може да си дозволи повеќе од еден CR7 само ако…

Италијанскиот шампионат во последниве години често беше критикуван за губење на сјајот. Но, се чини дека работите се променија и заслугата, покрај играта покажана од тимовите, е и враќање на големите шампиони, Кристијано Роналдо пред се.

Николас Бурдису, поранешен дефанзивец на Интер и Рома, зборуваше на оваа тема во интервју дадено за „Кориере дело Спорт“.

„Италијанското првенство не е многу привлечно? Искрено, не се согласувам. По карантинот, Серија А беше несомнено најубавото првенство, видени се различни стилови на фудбал”, рече Бурдисо.

„Италијанскиот фудбал мора да тргне по патот и тоа мора да го направи брзо, а тоа е подобрување на структурите. Откако ова ќе биде завршено, тогаш тие ќе можат да си дозволат не само еден Кристијано Роналдо, туку две, три, четири такви фудбалери.