Connect with us

Фудбал

Бускетс: Се надевам дека Реал ќе го почувствува заминувањето на Роналдо

Играчот од средниот ред на Барселона, Серхио Бускетс верува дека Кристијано Роналдо ќе му недостасува на Реал во новата сезона.

Роналдо ова лето замина од Реал во Јувентус и „Кралевитте“ дефинитивно се во минус, а Бускетс се надева дека ќе се почувствува отсуството на Португалецот.

„Се надевам дека на Реал ќе му недостасува и дека ќе се забележи недостатокот на голови“ рече Бускетс за „El Paisu“.

„Но го познавал мојот поранешен селектор Лопетеги и тој ќе го направи Реал добар тим“, додаде тој.

Вели дека во Барселона доста зависи од Меси.

„Кога ја имам топката се обидувам да го пронајдам. Понекогаш и премногу, но некогаш сакам да ризикувам. Што повеќе топки во нозете на Меси, нашата предност над противникот е поголем, како и шансата за да победиме“.