Фудбал
„Бууум“, се чека нов кикс на тренерот, па Томас Тухел да седне на клупата на гигантот
Томас Тухел наскоро би можел да стане првата голема тренерска бомба од почетокот на сезоната.
Веродостојниот Билд денеска пишува дека Тухел ќе биде првиот избор на Баерн Минхен, доколку управата на клубот реши да му врачи отказ на Јулијан Нагелсман!
Иако Германецот засега е сигурен, не се знае дали неговата позиција ќе биде доведена во прашање доколку серијата негативни резултати продолжи и во октомври.
Баерн врза четири меча без победа, а на тие четири даде само четири гола и моментално е петти на табелата. Работата да биде полоша, во текот на октомври ќе има серија мечеви со тимови кои се во форма – Баер Леверкузен, Борусија Дортмунд и Фрајбург и Хофенхајм, кои моментално се пред Баварците на позициите три и четири.
Билд пишува дека и Оливер Кан и Хасан Салихамиџиќ многу го ценат Томас Тухел, но засега и понатаму веруваат во Нагелсман.
Меѓутоа, во големите клубови секогаш треба да размислуваат за се, а така е и сега.
Тухел е големо тренерско име, тешко дека ќе се појави подобар кандидат доколку Баерн реши да го отпушти Нагелсман во текот на есента.
Тој ја освои Лигата на шампионите со Челзи, играше во две финалиња на ФА и Лига купот и за жал ги загуби од Ливерпул на пенали, а беше отпуштен по серијата лоши резултати оваа сезона.