Фудбал
Чалханоглу со “бомба“ ја сруши Барселона, Инзаги преживеа (ВИДЕО)
Интер ја совлада Барселона со 1:0 во дербито на вечерта во Лигата на шампионите. Иако Барселона поголемиот дел од мечот играше на половината на противникот, сепак еден прекрасен шут во финишот на првиот дел на Чалханоглу од далечина, со прецизна „бомба“ го реши победникот на овој натпревар.
Во првиот дел Интер освен голот имаше и уште една добра шанса кога исто така Чалханоглу од далечина опасно се закани. Барса во првиот дел речиси и да немаше серизна шанса.
Во вториот дел целосна доминација на Барселона. Интер речиси и да немаше сериозен удар кон противничкиот гол. Барселона успеа да постигне погодок преку Габи, но сепак по реакцијата од ВАР собата голот беше поништен бидејќи претходно во истата акција, Ансу Фати играше со рака.
Повторно Барса нареди неколку шанси, во кои Онана голманот на Интер беше на висина на задачата. Во судиското продолжение од мечот имаше консултации со ВАР собата, Дамфрис како да играше со рака, но сепак по неколку кратното прегледување на спорниот момент судиите одлучија дека нема пенал за Барселона.
Ова е трета победа на Интер во историјата во пресметките со Барселона. Со овој триумф тренерот Инзаги „преживеа“ бидејќи на последните осум меча во Серија А имаше четири порази, а Интер го има еден од најлошите почетоци на сезоната во историјата. Сепак, ултиматумот уште важи, па Инзаги ќе мора да победи и против Сасуоло претсојниот викенд.
Во оваа група Баерн Минхен на домашен терен ја прегази Викторија Плзен со 5:0 и со максилани 9 бодови е лидер, втор е Интер со 6 по оваа победа, додека Барселона е трета со три освоени бодови од три меча. На последното место е Викторја Плзен без освоен бод.
Во следното коло, на 12-ти овој месец Барселона на домашен терен ќе го пречека Интер и добива шанса за реванш, додека Баерн Минхен гостува на Викторија Плзен.