Connect with us

Фудбал

Чави со само еден збор најдобро го опиша Левандовски кој синоќа за 4 минути постигна два прекрасни голови (ВИДЕО)

Барселона синоќа го надигра Виљареал и победи со 3:0, и на три бода се доближи до лидерот Реал Мадрид. Првото име на Каталонците беше одличниот полски напаѓач Роберт Левандовски, кој постигна два гола.

Севкупно Левандовски веќе има 16 гола и три асистенции на 14 натпревари оваа сезона. Тренерот на Барселона, Чави е воодушевен од формата на Полјакот.

„Тој е ненаситен. Тој е убиец. Има голема прегледност на теренот, агилен е и бара простор. Тој е само одличен напаѓач“, рече Чави.

Барселона минатата среда ремизираше со Интер со 3:3 во Лигата на шампионите и многу ги отежна работите во групата. Потоа минатиот викенд загубија со 3:1 од Реал Мадрид во првенството.

Чави исто така додаде дека е задоволен од реакцијата на тимот по неодамнешните неуспешни настапи.

“Мислам дека одигравме многу добро. Моравме да реагираме адекватно. Не беше лесен ден. На овој тим се полагаат големи надежи и се очекува многу. Покажавме карактер на овој натпревар и одигравме добро и во одбраната и во нападот, додава Чави.