Connect with us

Фудбал

Чеферин: Саудиска Арабија не е закана за европскиот фудбал

Само европските клубови можат да играат во Лигата на шампионите, Лигата на Европа и конференциската лига, изјави претседателот на Европската фудбалска организација (УЕФА), Александар Чеферин, во интервју за француски „Л’Екип“. Тоа беше одговорот на првиот човек на европскиот фудбал на обвинувањата дека Саудиска Арабија сака во блиска иднина да има свој претставник во елитната европска Лига на шампиони.

„Мислам дека парите на Саудиска Арабија не се закана за европскиот фудбал. Имавме слични примери и претходно. Фудбалерите заминаа во Кина, доаѓаа големи понуди од таа земја, но кинескиот фудбал не напредуваше поради тоа. Таков пристап не е правиле, мислам дека во Саудиска Арабија, или каде било на друго место, би требало да се инвестира во образованието и развојот на тренерите и играчите“, рече 55-годишниот Чеферин, допирајќи ги двете можеби најголеми фудбалски ѕвезди во Европа во моментов.

„Колку што знам, Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд не сонуваат да одат во Саудиска Арабија. Повторувам, навистина не верувам дека квалитетот на нашите натпреварувања ќе биде компромитиран во која било смисла“.