Connect with us

Ракомет

Челниците на Загреб со порака до Вардар: Ако го сакаат Гаџа, се знае колкаво е обесштетувањето

Анте Гаџа, се чини дека ќе биде новото засилување за Вадар, иако се уште ништо не е готово. Хрватските медиуми велат дека е тешко дека ќе остане во Загреб, но сепак челнците на овој клуб имаат порака до РК Вардар, кој се спомнува како негова следна дестинација.

-Се знае точно колкаво е обештетувањето, а доколку Вардар го уплати тој износ, работата ќе биде завршена. Засега ништо не е реализирано, па Гаџа и натаму е наш играч, изјави Божидар Јовиќ, главен менаџер на клубот.