Фудбал
Челзи е се поблиску до потписот на Олисе
Челзи е се поблиску до потписот на крилото на Кристал Палас, Мајкл Олисе. „Сините“ работат напорно за да го завршат договорот со „орлите“ за 21-годишниот талент и двете страни се приближуваат кон договор, иако сè уште имаат некои несогласувања, може да открие RMC.
Од „Стемфорд Бриџ“ нудат меѓу 25 и 30 милиони фунти за Французинот, додека од Кристал Палас инсистираат „сините“ да ја платат неговата ослободителна клаузула која е во висина од 35 милиони фунти. Преговорите меѓу двете страни продолжуваат, а очекувањата се дека допрва ќе најдат компромисно решение што им одговара на сите.
Сепак, Челзи ќе мора да побрза во преговорите за Олисе, бидејќи играчот се поврзува со интерес и од Манчестер Сити, кој би можел да се вклучи во битката за неговиот потпис.