Connect with us

Фудбал

Челзи купува и голман – многу наскоро зделката ќе биде факт

Заедно со голем број нови засилувања во изминатата година, Челзи ќе се засили и со голман. „ Атлетик “ открива дека клубот постигнал договор со Брајтон за потписот на Роберт Санчез . Се очекува 25-годишниот Шпанец многу брзо да ги помине медицинските прегледи.

Засега нема информации за вредноста на зделката.

Санчез пристигнува на Стемфорд Бриџ како конкуренција за Кепа Аризабалага по заминувањето на Едуард Менди.

Голманот нема иднина во Брајтон откако менаџерот престана да смета на него уште во март. Летово Шпанецот не ни патуваше со тимот на турнејата во САД .

Во Челзи, Санчез ќе работи со тренерот на голманите Бен Робертс, со кој веќе беше заедно кај Галебите.