Connect with us

Фудбал

Челзи потпиша договор со голман од Брајтон

Челзи и официјално го објави потписот со голманот Роберт Санчез од Брајтон. 25-годишниот шпански гард пристигнува за сума од 20 милиони фунти плус уште 5 милиони евра во вид на бонуси.

Санчез е дел од Брајтон од 2018 година Шпанскиот гард во изминатата сезона одигра 25 натпревари за „галебите“ на кои забележа 8 чисти голови.

Спортските директори на лондонските сини, Пол Винстанли и Лоренс Стјуарт изјавија: „Среќни сме што му посакавме добредојде на Роберт во Челзи и тој додава дополнителен квалитет на нашиот голмански тим. Роберт во неколку наврати се докажа во Премиер лигата. Возбудени сме што ќе го гледаме како работи со Маурисио (н.д. – Покетино) и неговиот тренерски штаб во претстојната сезона“.

Во текот на кариерата, Санчез играше и за Форест Грин и Рочдејл, каде што беше позајмен.