Connect with us

Ракомет

Червар ги пцуеше, а македонските судии најдобри на Европското првенство

Специјализираниот интернет портал за ракомет „Balkan-handball“ ги прогласи македонските судии Начевски и Николов за најдобри во финалето на ЕП помеѓу Шпанија и Хрватска.

Овој сајт, кој веќе со години ги следи случувањата во ракометот, вели дека во 59-та минута Начевски кога досудил чекори на Карачиќ, донел исправна одлука, иако пред да биде прегледана забавената снимка, многумина мислеле дека судијата згрешил.

Такво нешто мислеше и селекторот на Хрватска Лино Червар кој ги пцуеше македонските судии.

Сепак текстот на „Balkan-handball“ е доволен показател дека Начевски и Николов завршиле одлична работа.