Connect with us

Фудбал

Четири натпревари во Франција, шест црвени картони

Брест беше одличен на страна против Анже, Клермон ја совлада Ница, Лориен му откина бод на Тулуз.

Монпелје поведе против Оксер на домашен терен, но на крајот остана со десетмина на теренот и без бод, гостите го остварија првиот сезонски триумф – 2:1.

Поранешниот првотимец на Кристал Палас, Мамаду Сахо го доведе Монпеље во водство во 39. минута, но во првата минута од рестартот домашните останаа со десетмина, исклучен беше Фајад.

Силите беа изедначени на теренот само шест минути подоцна, црвен картон доби и Нијанг. Сепак, во таков однос на силите подобро се снајдоа гостите. Да Коста израмни во 70. минута, а само пет минути подоцна од пенал го сврте Отре. Гостите останаа на девет до крајот, исклучен беше Да Коста во 88. минута.

Одличен на гостински терен беше Брест, кој лесно победи против Анже – 3:1. Гостите до полувремето веќе имаа два гола предност, Ле Дурон погоди во 10. и 38. минута.

Анже остана со играч помалку со оглед на тоа што момчето од Босна и Херцеговина Шабановиќ беше исклучен во 34. минута. Победата на гостите им ја обезбеди Дари во 65. минута, а Буфала во 70. минута го постигна почесниот гол за Анже.

Црвени картони имаше и во Клермон-Феран, каде домашните остварија минимален триумф против Ница – 1:0. Поведоа во шестата минута, кога погоди Кауи, а до крајот на мечот тимот од Азурниот брег остана со деветмина на теренот, Лемина и Тодибо беа исклучени во 80. и 82. минута.

Победник немаше и на дуелот во Тулуз, каде домаќинот освои само бод против Лориен – 2:2. Гостите поведоа уште во втората минута преку момче чие презиме е исто како и клубот за кој настапува, Лориен.

Ратао во 31. минута и Далинга во 64. минута го режираа пресвртот, но конечниот резултат од пенал го постави Коне на десет минути пред крајот.