Connect with us

Фудбал

Четворица дебитанти во составот на Шпанија за европските квалификации со Кипар и Грузија

Селекторот на Шпанија, Луис Де ла Фуенте го објави својот проширен состав за европските квалификации против Кипар (16 ноември) и Грузија (19 ноември).

Четири апсолутни дебитанти беа меѓу неговите селекции – голманот на Реал Сосиедад, Алекс Ремиро, кој доаѓа на местото на повредениот Кепа Аризабалага, играчот од средниот ред на Жирона, Алеиш Гарсија, дефанзивецот на германскиот лидер Баер Леверкузен, Грималдо и напаѓачот на Атлетико Мадрид, Родриго Рикелме.

Во споредба со последните натпревари на Шпанците, во составот се враќаат напаѓачот на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс, Иниго Мартинез и Ламине Јамал од Барселона, како и Гаја од Валенсија.

Надвор од тимот се Кепа, Алехандро Балде, Фран Гарсија, Емерик Лапорте, Џереми Пино, Алфонсо Педраза, Ансу Фати и Брајан Сарагоса.