Фудбал
Човекот кој стоеше зад „Калчополи“ изјави дека Конте ќе биде тренер на Милан
Поранешниот извршен директор на Јувентус, Лучијано Моги, добро го познава Антонио Конте. Моги, всушност, го донесе Конте во Јувентус за време на неговата кариера и дуото се сеуште во многу добри односи.
Моги доби доживотна казна во фудбалот по скандалот со Калчополи кој го потресии италијанскиот фудбал во летото 2006 година. Тој беше прогласен за виновен за местење на натпревари, а Јувентус беше префрлен во втората дивизија по скандалот.
Сепак, Моги сеуште работи како критичар за неколку италијански весници и тој преку својот официјален Twitter откри дека Антонио Конте ќе стане тренер на Милан.
— Luciano Moggi (@LucianoMoggi) October 4, 2017