Connect with us

Други спортови

Човекот обвинет за местење на натпревари во драматична завршница го сруши Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ беше поразен во четврт-финалето на Ролан Гарос вечерва.

Во битката за полуфиналето, фаворизираниот Новак, загуби од 72. играч во светот, Марк Чекинато.

Ѓоковиќ имаше одлична можност да се врати по 2:0 во сетови, но во четвртиот сет загуби во тај-брејкот.

Првиот сет го доби Чикинато со 6:3,а потоа беше 7: 6 за Сицилијанецот во вториот сет, потоа Новак славеше со 6:1, и се чини дека целосно се врати во борбата за полу-финалето.

Во четвртиот сет, одлучувачки беше тај-брејкот, настана голема драма, но Ѓоковиќ не успеа да победи.

Чикинато постигна резултатот на сезоната, а за финалето на вториот гренд слем од сезоната ќе се бори против Доминик Тим.

Чикинато по речиси четири часа покажа дека има голем тениски потенцијал, ја продолжи бајката во Париз, но прашање е дали може да стигне до финалето покрај одличниот Тим, кој совлада Александар Зверев во три сета.

Чикинато претходно беше обвинет дека учествувал во местење на натпревари.

Ролан Гарос, четврт-финале:

Чикинато – Ѓоковиќ 6:3, 7:6, 1:6, 7:6