Connect with us

Фудбал

„Да го направиме Вардар повторно голем“, се огласи новиот сопственик од Унгарија

Македонскиот најтрофеен клуб и официјално има нов сопственик. Атила Бижен Жалили од Унгарија купил 85 проценти од сопственоста на „црвено-црните“.

Атила Бижен Жалили е Турчин кој живее во Унгарија, во моментов е генерален директор на „СолСервисис Лтд“, унгарска компанија која се занимава со имплементација на производство на енергија од обновливи извори.