Connect with us

Фудбал

Дали Арсен Венгер му се нуди на Манчестер Јунајтед?

Манчестер Јунајтед сезонава игра лошо. По шест кола во Премиер лигата „Црвените ѓаволи“ собраа само осум бодови и во моментов е на осмото место. Притисокот врз Оле Гунар Солскјаер расте, но засега раководството на тимот не размислува на негова смена.

Сепак, „масло на огнот“ долеа поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер. Тој во интервју за „БеинСпорт“ вели дека клупата на Манчестер Јунајтед е сон за секој тренер, па така и за него, додавајќи дека со 3-4 засилувања „Црвените ѓаволи“ би можеле да се вратат на врвот на англискиот фудбал.

Арсен Венгер од 1996 до 2018 беше на кормилото на „Топџиите“. Во моментов е без ангажман.