Connect with us

Фудбал

Дали Барса има причина да се плаши?

Осман Дембеле конечно е среќен во Барселона, но пред точно една година не беше сигурен за неговиот престој.

Сагата околу Дембеле траеше со месеци, во јануари 2022 година тој беше дури и надвор од тимот поради притисок да потпише нов договор. Чави Ернандез беше упорен и инсистираше на неговиот потпис до самиот крај, а тоа се случи дури во јули, кога Французинот практично беше слободен.

Дембеле реши да потпише нов договор, но тогаш договорот требаше да потпише на само две години, до 2024 година со посебна клаузула за ова лето.

Неговиот агент, веројатно плашејќи се во која насока ќе расте Барса со Чави, успеа да дојде до клаузула според која Дембеле летово може да си замине за само 50 милиони евра. Сепак, оваа клаузула трае само кратко, а е активна од 1 јуни до 1 август.

Сепак, Дембеле сега е среќен во клубот и неговиот агент преговара за продолжување на договорот до 2027 година.

Дембеле во Барса пристигна во летото 2017 година наместо Нејмар за 105+40 милиони евра од Борусија Дортмунд, но дури по доаѓањето на Чави почна да го игра својот најдобар фудбал.

Се чини дека токму поради ова Барса не мора да стравува поради оваа примамлива клаузула која е активна од оваа недела…