Connect with us

Фудбал

Дали Де Брујн го напушта Сити за рекордна плата?

Повеќе светски медиуми пишуваат дека Кевин Де Брујн, 32-годишниот белгиски играч од средниот ред, би можел да го напушти Манчестер Сити по осум години. Италијанската „La Gazzetta dello Sport“ пишува дека тој би можел да се пресели во Саудиска Арабија, поточно во Ал Наср каде би играл со Марсело Брозовиќ и Кристијано Роналдо.

Веќе е познато дека Саудијците влегле во преговори со неговиот менаџер, пренесува ESPN. Конкретни бројки не се наведуваат, но се шпекулира дека Сити за својот ас би барал најмалку 50 милиони евра, а новиот клуб би морал да му понуди многу поголема плата од сегашната, која е околу 24 милиони евра по година, што значи дека веројатно би имал највисока понуда од сите европски ѕвезди кои отишле таму.

Де Брујн е во Сити од 2015 година и ја освои Лигата на шампионите, пет титули во Премиер лигата, два ФА купа и пет Лига купови. Притоа, тој постигна 96 гола и имаше 153 асистенции, но повредите се растечки фактор во неговата игра и на англискиот шампион му е тешко да прави долгорочни планови со него. Сезонава одигра само 23 минути на отворањето на шампионатот пред да се повреди.