Connect with us

Фудбал

Дали доаѓа крајот на љубовта со Атлетико Мадрид, Симеоне би можел во Премиер лигата?!

Раководството на Атлетико Мадрид не е задоволно од почетокот на сезоната во шампионатот на Шпанија и размислува за отказ на тренерот Диего Симеоне. Атлетико е шести на табелата во Ла лига.

– Ситуацијата може да ја искористи Арсенал, кој претходно го отпушти Унаи Емери, пренесува Мирор.

Должноста главниот тренер во лондонскиот клуб ја извршува Фреди Љунгберг.

Арсенал е на 10 бода заостанување од зоната на Лигата на шампионите и го зазема 10. место  во Премиер лигата.