Фудбал
Дали Елиф Елмас му испрати порака на Спалети: Мојата прва љубов, клупата?!
Македонскиот фудбалер Елиф Елмас оваа сезона добива минутажа на „тацна“ од тренерот Спалети. Можеби тренерот е во право со оглед на резултатите кои ги има тимот. Со максимални 12 бодови ја поминаа групата и се пласираа во осминафиналето во ЛШ во конкуренција на Ливерпул, Ајакс и Ренџерс.

Во Серија А во моментов се втори со 23 бодови, односно седум победи и две нерешени средби, без пораз.
Елмас објави фотографија од последниот меч во ЛШ против Ајакс кој Наполи го доби со 4:2 и напиша „Мојата прва љубов, клупата“.