Фудбал
Дали фудбалскиот свет доби нов играч со најмоќниот удар? Ги соборува противниците (ВИДЕО)
На сцена стапуваат нови фудбалери кои воодушевуваат од натпревар во натпревар и полека и сигурно го преземаат приматот. Играчите со моќни шутеви отсекогаш привлекувале внимание. Роберто Карлос, Адријано, Златан Ибрахимовиќ, Габриел Батистута, Хулк се фудбалери кои станаа синоним за „суперсонични“ брзи удари.
Како што стојат работите, изгледа дека фудбалскиот свет доби нов фудбалер со најмоќниот удар на светот. Тоа е Феде Валверде.
Валверде игра навистина брилијантно во текот на целата година и веќе овој 24-годишен играч може да се смета за еден од најдобрите играчи од средниот ред во светот.
Колку е моќен ударот на Уругваецот, најдобро го почувствуваа иранските фудбалери, кои буквално паднаа кога го блокираа ударот на ѕвездата на Реал.
Valverde ha reventado a un jugador de Irán 3 veces en el mismo partido, me descojono. pic.twitter.com/1McAkN5WxX
— Aʟʙᴇʀᴛᴏ (@AlberrtoRM) September 24, 2022
Во три обиди од далечина, Валверде трипати го собори иранскиот играч од нога. Иако брзината на ударите не е измерена, секако е меѓу најмоќните во светот.
Интересно е што Валверде три пати удри Иранец. Двапати во главата и еднаш во меѓуножјето. Реакциите на играчот доволно зборуваат за јачината на ударот.
Сепак, иако демонстрираше убиствен удар, на крајот не му беше од корист на Валверде, бидејќи Иранците го добија натпреварот со 1:0. Инаку, според официјалните податоци, најбрзиот удар во историјата е забележан во ноември 2006 година, кога фудбалерот на Спортинг Рони ја шутна топката со брзина од 210 км/ч.