Connect with us

Фудбал

Дали ова значи напад на скудетото? Милан носи партнер на Ибра, навивачите на Интер ќе збеснат

Милан е лидер во Серие А со максимален учинок, четири натпревари, четири победи, а вечерва го игра дербито против Рома на домашен терен. Поради добрите партии веројатно апетитите пораснаа, па иако е рано се размислува и за скудетото. Но, за таа цел ќе треба уште некое засилување. Според дел од италијанските медиуми Милан ќе му донесе партнер на Ибрахимовиќ во нападот, но и дефанзивец. Како што пишуваат медиумите идејите се Мауро Икарди од ПСЖ, довчерашен напаѓач на Интер, кој не се раздели баш најдобро со тимот, но и навивачите, а второто име е Никола Миленковиќ од Фиорентина, кој е желба и на нивниот градски ривал, односно тренерот Антонио Конте.

За дефанзивецот ќе бидат потребни 40 милиони, додека за Икарди наводно позајмица од 10 милиони, а потоа купување на договорот за дополнителни 40 милиони евра.

Дали ќе успее Милан во намерите, останува да се види.