Connect with us

Фудбал

Дали поради ова ФИФА сака да ги ограничи: Менаџерите заработиле половина милијарда евра!

На сите можни начини ФИФА се обидува да ја ограничи заработката на менаџерите од продажбата на фудбалерите и нивните проценти. Но, паралелно со тоа, Светската куќа на фудбалот објави неверојатни бројки за 2019 година.

Според ФИФА, менаџерите заработиле околу 580 милиои евра од процентите за трансферите и тоа само за оваа година. Тоа е раст за околу 20 отсто.

Наскоро се очекува тоа да биде ограничено. ФИФА ја одобри идејата процентот од трансферите да биде ограничен на максимални 10 отсто, додека од платите да биде максимални 3 отсто.

Податоците на ФИФА покажуваат дека клубовите од Италија, Англија, Германија, Португалија, Шпанија и Франција платиле 80 отсто од вкупната сума од сите проценти од меѓународните трансфери. Останатите 20 отсто ги платиле клубовите од остатокот од светот.