Connect with us

Фудбал

Дали тренерот на ПСЖ побара помалку црнци и муслимани во тимот? Добил повеќе од 5.000 закани

Тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтиер е обвинет за расистички изјави додека бил тренер на Ница. Новинарот Ромен Молина објави мејл во кој поранешниот спортски директор на Ница Жулиен Фурние го обвини Галтие дека бара да не играат црнци или муслимани за Ница.

Галтие негираше дека тоа го побарал од Фурние, а ПСЖ започна истрага. Навивачите на ПСЖ бараат отказ на Галтиер, а веднаш по објавата на Молина почна да добива закани. Неговиот телефонски број се прошири на социјалните мрежи и за еден ден добил повеќе од 5.000 закани. Поради се, ангажирал телохранители.

Галтие ја предводеше Ница до петтото место и пласман во Европа минатата година. После тоа го презеде ПСЖ со кој е блиску до одбрана на титулата француски шампион, но е на удар на навивачите бидејќи лесно беше елиминиран од Лигата на шампионите од Баерн.