Connect with us

Фудбал

Дани Алвеш со порака до Нејмар: Постои само еден начин да се бориме против омразата

Нејмар предизвикува многу дискусии по обвинувањата упатени кон Алваро Гонзалес од Марсеј.

Според О’Неј, за време на натпреварот на ПСЖ против Марсеј, противникот користел расистички навреди кон него. Но, единствената казна беше изречена против парискиот напаѓач, кој беше казнет со црвен картон од судијата за неговата реакција.

На социјалните мрежи, меѓу првите што излегоа за поддршка за Нејмар беше Дани Алвеш, кој напиша:

„Во спортот, како и во животот, ние сме тука за да ги почитуваме луѓето, да влијаеме позитивно на нивните животи и нема простор луѓето да изразуваат омраза и расизам“.

loading...

„Нека не те води омраза, брате. Ти посакувам секогаш мир и добрина. Она што го имаш во твојата душа. Љубовта е единствениот начин да се бориме против омразата, иако привремено ја повредува нашата природа! Те сакам брате“.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com